Стипендии, професионално образование и гарантирано вработување, еве зошто ЕМУЦ “8- Септември“ е најатрактивно професионално училиште за вашата иднина!

ИНТЕРВЈУ со директорот на СУГС ЕМУЦ ,,8-ми септември“ д-р  Кенан Асани за порталот    Schoolture.info

На 16 и 17 јуни во Македонија ќе биде првиот уписен рок за учениците во средните училишта. Порталот Schoolture.info реализираше интервју со директорот на средното училиште “ЕМУЦ 8- Септември“, Кенан Aсани, кој зборува за предностите кои ги нуди оваа училиште. Помеѓу многуте предности што ги нуди, е и најбитното, она за кое сите сме заинтересирани: Вработување после завршување на образованието. Исто така се нудат стипендии за одличните ученици и многу добри, додека за сите девојки кои ќе бидат запишани се нуди стипендија без разлика на успехот.

Schoolture: Директоре, веќе се навршуваат неполни две години отткако вие сте на чело на средното училиште “8- Септември“. Можете ли да ни кажете како го најдовте училиштето?

Кенан Aсани: Едно училиште пред пропаст. Редуциран број на ученици, од 900 на 90 и од седум функсионални објекти, училиштето функсионираше во три. Првата регистрација за учебната година 2017/2018 година беше врвот на лошата ситуација во кое беше нашето училиште. Бкупно беа регистрирани 14 ученици, од кои 11 во албанските паралели, и три во македонските.

Стари и руинирани објекти, училишен инвентар во неупотреблива состојба. Работилници, училишта, спортски сали, канцеларии, сите обие без централно греење. Уништен канализациски систем, двор оставен на милоста на судбината. Едно училиште со простор од 10.000 метри квадратни без негов натпис што правеше во многу наврати, лицата кои се интересираа за нашето училиште да не можат да се снајдат. Со еден збор „тотален хаос“.

Наставниот кадар во тоа време беше тотално безориентиран, учениците со најмал просек во рамки на целата наша држава, сето тоа како последица од слбото менаџирање со училиштето во последните 12 години и тоа во сите полиња: образовен процес, човечки ресурси, материјални и економски, како и слаба соработка со највисоките образовни институции како што се: Министерствово за Образование, Градот Скопје, Државниот Испитен Центар итн.

Schoolture: Кои се вашите успеси во текот на периодот во кој менаџирате со училиштето?

Кенан Асани:  Од промена на раководниот кадар на нашето училиште во октомври 2018 година до денес имаме постигнато подобрување на многу нешта со континуиран интервенции. Би можеле да издвоиме:

Враќање на името и брендот “ЕМУЦ“, име со кое беше познато училиштето,

Регулирање на училишниот двор (чистење и уредување на дрвјата, како и чистење на грмушки и остатоци собрани со текот на годините),

Реновирање на работилницата за машини со нови прозорци и фасада

Деблокирање и чистење на канализационата мрежа,

Бетонирање и полнење на дупикте со асфалт во училишниот двор,

Инсталирање на нов систем на видео контрола кој е управуван од еден центар,

Бојадисување училниците, канцелариите и ходниците во училиштата,

Поставување на нов довод за парно греење каде што беа опфатени објекти каде дотогаш немаше греење,

Реновирање на двете фискултурни сали и фитнесот, заедно со нивните попратни гардероби и канцеларии,

Обележување на објектите и училишниот двор со натписи,

Организирање на прв училишен саем од машинската струка,

Стипендирање на ученици и гарантирано вработување по завршувањето,

Бесплатно сместување во интернатот кој се наоѓа во самиот двор,

Секој втор викенд бесплатен превоз на учениците кои се од внатрешноста,

Реновирање и набавка на нов мебел за сите објекти и простории,

Презентации преку електронски и пишани медиуми и портали,

Соработка со целокупното опкружување( министерства, Општина, компании и невладини организации)

Поставување на нов дигитален видео систем управуван од еден центар

Schoolture:  Вие спомнавте дека сте го вратиле и старото име на училиштето “ЕМУЦ“. Зошто се решивте на таков чекор?

Кенан Хасани:  ЕМУЦ- или Електро-Машински Училишен Центар е една од најзначајните училишни институции по Втората Светска Војна, институција која со своите професионални профили има подготвено и обучено илјадници професионални кадри кои беа носители на работата и на успесите на индустријата не само во тогашна Македонија но и во цела Југославија. ЕМУЦ беше голем ценгтар на професионално и техничко знаење каде што беа обучувани занаетчии и технички оператори од различни профили. Но за жал после осамостувањето на Македонија, новите околности кои беа креирани, затворањето на неколку фабрики, намалување на производството во разни индустрии, економската и општествената транзиција имаа силно влијание во сферата на образование, особено во тој технички и професионален, влијајќи во намалување на интересирањето на учениците за следење на учењето во средните технички училишта. Од сите средни технички училишта, нашето училиште, како најголем центар за техничко образование и професионално, претрпи многу. Но, последните години, со зголемување на странските инвестициите во нашата земја, доведе до зголемување на производството и со тоа до потребата од нови кадри. Па така, ние како училишен кадар се трудиме максимално да го издигнеме повторно овој центар на знаење, да го вратиме стариот сјај кој што го имал, преку подобрување на условите и наставните програми, единствен начин за да се поттикнат младите да се засолнат во ова огниште на знаење и вештини со што утре многу лесно ќе најдат работа.

Schoolture:  Кои профили ги нуди вашето училиште за учениците? Зборувајте малце за перспективите кои тие ги отвараат?

Кенан Асани: Не постои сомнение дека нашето училиште работи и ќе работи постојано да понуди наставни профили и програми кои се современи, кои ќе бидат составени во согласност со барањата и потребите на времето и секогаш во согласност со најновите технолошки достигнувања. Нашето училиште во зависност од времетраењето на школувањето, нуди образовни профили од 4 и три години.

Како четригодишни образовни профили се:

-машински техничар

-техничар за компјутерско управување

-машинско-енергетски техничар

-машински техничар за моторни возила

И профилите за три годишно образование:

-инсталатер на цевкини водови

-инсталатер за греење и климатизација

-обработувач на метал

-заварувач

Како што гледате, нудиме најразлични интересни профили кои без двоумење ги исполнуваат барањата на времето и пазарот на трудот, профили кои безсомнение утре ќе им осигура работно место на младите во фабрики или различни компании државни или приватни. Да напоменеме дека позади овие образовни профили стои персонал на стручно обучени и мотивирани наставници за максимална реализирање на наставните програми.

Schoolture:  За крај, која би била вашата порака за учениците и за нивните родители?

Кенан Асани: Јас ја користам оваа прилика, првин да им се обратам на родителите, со апел да бидат попрактични и разумни во изборот на професијата за нивните деца. Без никакво двоумење, првин тоа треба да се направи во договор за детето, прилагодувајќи се на нивните преференции и склоности, а втората и не помалку важна е дека во овој процес на селекција се зема предвид и перспективата која ја нуди таа професија. Трето и последно, без скромност ќе кажам дека дури и ако имаат дилеми, без никакво двоумење да дојдат во нашето училиште, бидејќи со различните образовни профили, можеме да обезбедиме решенија за нивните преференции.

Им посакувам успех на сите.