Социологот Фахми Османи: Техничките и професионалните училишта без двоумење се најдоброто решение за учениците

Професорот и социологот Фахми Османи во пресрет на запишувањата во средните училишта, упати апел до учениците и до нивните родители да размислат добро во кои насоки ќе го продолжат своето образование.

Тој вели дека професионалните и техничките училишта се најдоброто решение за учениците.

“Време е за запишувања на семи-матурантите. Се разбира дека треба да се размисли добро и да се дискутира помеѓу родителите и децата, дискусија која ќе биде подржана со факти и во реалноста на времето во кое живееме. Влегуваме во фазата на пост Ковид-19. Ситуацијата која ја поминавме изминатите три месеци секако дека го имаат сменето текот во секоја сфера на дејноста на човечкото општество. Не вредат повеќе теоретизациите, празните муабети. Во оваа социо-економска криза, пазарот на трудот ќе претрпи радикални промени. Општествени науки и кадрите кои тие ги произведуваат се чини дека ќе имаат една болна иднина. Време е кога за враќање на економската стабилност ќе има потреба за континуиран раст на производството, нешто што ги става во фокус техничко-научните професии. Оттука занаечиствата кои многумина од нас ги гледаме со потценување, без никакво двоумење се сигурната иднина за нашите дена. Техничките училишта и професионалните без двоумење се најдоброто решение за учениците“, напиша на фејсбук социологот и професорот Фахми Османи.